Одложено е ЕП 2020, познат е новиот термин за одигрување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска објави дека Европското првенство (ЕП) 2020 нема да се игра ова лето, иако беше закажано за тогаш.

Истото ќе биде одржано на лето во 2021 година во период од 12 јуни до 12 јули, а таквата одлука беше очекувана и веќе некое време се најавуваше.

Останува да видиме што ќе биде со Лигата на шампиони, Лига Европа и останатите национални првенства, но јасно е дека би требало и тие да бидат одложени на одреден период.

Наскоро се очекуваат повеќе информации од УЕФА.