Одреден нов датум за дербито меѓу Јувентус и Наполи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус и Наполи требаше да го одиграат мечот уште на 4 октомври, но не беше одигран затоа што гостите не заминаа во Торино поради проблеми со вирусот.

Јувентус најпрво го доби службено натпреварот со 3-0, но жалбата на Наполи беше прифатена и сега дербито ќе мора да биде одиграно.

Се бараше нов термин за натпреварот и бидејќи Наполи испадна синоќа од Лига Европа, сега е извесно дека мечот ќе се игра в среда на 17 март.

Засега нема официјална потврда од италијанскиот фудбалски сојуз, но тоа се очекува наскоро.