Одржа само неколку тренинзи, па Флик го повика во својата канцеларија: „Го раскинуваме договорот, не ни треба“


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Барселона пред неколку дена започна со подготовките за новата сезона, а Ханси Флик по само неколку тренинзи одлучи да повика еден од играчите во канцеларија и да му соопшти дека клубот ќе го раскине договорот со него.

По летната пауза каталонскиот клуб во понеделникот ги започна подготовките за новата сезона во која од Барселона се очекува многу, особено освојување на Лигата на шампионите.

Ханси Флик во првата сезона успеа да освои тројна круна во Шпанија и го преобрази тимот на Барселона, но сигурно е дека вистинскиот притисок ќе биде во новата сезона бидејќи навивачите се надеваат на трофеj во Лигата на шампионите кој се очекува веќе десет години.

Тренерот на Барселона одржа прозивка пред неколку дена на која имаше 35 фудбалери, но јасно е дека нема да има место за сите во тимот на Блауграна во новата сезона.

Флик повика и неколку младинци за да им даде шанса за време на подготвителните натпревари, а кога станува збор за некои од првотимците веќе е одлучено дека не им се потребни.

Во прв план беше искусниот играч од средниот ред Ориол Ромеу, кој се врати во Барселона по позајмицата во Жирона, но јасно е дека нема да остане долго таму.

Шпанските медиуми вчера објавија дека Флик по само неколку тренинзи го повика Ромеу во канцеларија за разговор и искрено му кажа дека едноставно не го гледа во своите планови.

Колку што Барселона сака Ромеу што побрзо да го напушти клубот покажува фактот дека нема да чекаат никакви понуди, туку со него ќе го раскинат договорот со договор.

Фотографија: Grok AI