Официјално: Барди повеќе не е дел од Трабзонспор


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Попладнево, беше официјално соопштено дека Трабзонспор и македонскиот капитен Енис Барди го прекинаа договорот.

Со заедничка одлука двете страни го раскинаа договорот, и сега Барди е слободен играч, отварајќи можности за нови ангажмани во друг клуб.

Клубот изрази длабока благодарност за неговиот придонес во тимот и посака многу успех во идните негови предизвици.