Официјално: Абердин го претстави Миовски (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби виза и официјално го засили шкотскиот тим Абердин, каде што ќе игра во следната сезона, а веќе се приклучи на подготовките на екипата.

Абердин го купи Миовски од МТК, а македонскиот фудбалер се очекува да биде големо засилување во нападот на екипата, која минатата сезона ја заврши на 10. позиција.

Миовски минатата сезона за МТК постигна 10 гола на 31 меч, а се очекува да дебитира в недела против Рајт Роверс во Купот.