Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот напаѓач Адис Јаховиќ пронајде нов клуб во Турција, а дресот на Малатијаспор ќе го замени со тој на Анталијаспор.
Соработката меѓу двете страни беше потврдена денеска, а искусниот напаѓач не го криеше задоволството поради договорот.
Интересно е тоа што Јаховиќ во Малатијаспор стигна пред помалку од половина година, но и покрај тоа реши повторно да го промени клубот.
Да потсетиме, поранешниот македонски репрезентативец играше за неколку босански клубови, а исто така настапуваше и за швајцарски Вил и Цирих, како и за Ворскла, Риека, Самара, Гозтепе и Коњаспор.