Официјално: Ајакс потврди, Зијех е фудбалер на Челси! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што најавија англиските медиуми во текот на вчерашниот ден, Челси го договорил првото летно засилување, а станува збор за еден од најдобрите фудбалери на Ајакс, Хаким Зијех.

Челси имаше забрана за ангажирање фудбалери во летниот преоден рок, а таа ја искористија за да го подмладат составот. Клубот притоа остана во топ-4 во Премиерлигата, па тие сметаат дека екипата има добра основа и треба да донесат само нови засилувања за подобри резултати.

Во зимскиот преоден рок не ангажираат ниту еден фудбалер, кој може да игра во првиот тим, но затоа на лето имаат план да купат неколку играчи. Еден од нив е Зијех, кој се договорил со Челси за трансфер од 45 милиони евра, а таа информација ја потврди и Ајакс.