Официјално: Александар Тодоров селектор на машката кошаркарска репрезентација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот тренер Александар Тодоров денеска официјално беше претставен како но селектор на кошаркаркарската репрезентација, со која потпиша 18-месечен договор, а тој се надева дека ќе обезбеди пласман на ЕП 2021.

Тодоров претходно имаше неколку ангажмани, т.е. ги предводеше екипите на Крајоа, Левски Софија, МЗТ Скопје, Пеќ, Динамо Букурешт, Балкан…

Селекторот ќе ја предводи репрезентацијата во квалификациите за ЕП 2021, а доаѓа како замена за Јорданчо Давитков, чиј договор не му беше продолжен.

Исто така, треба да се спомене дека Тодоров е вкупно 14. селектор во историјата на македонската кошаркарска репрезентација.