Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Марка“ го најави новото тренерско име во Реал Мадрид, а шпанскиот гигант го потврди преку социјалните мрежи. Карло Анчелоти ќе биде замена за Зинедин Зидан на кормилото на поранешниот шампион.
Анчелоти се враќа на „Бернабеу“ по шест години и од него се очекува да го врати клубот на врвот во сите натпреварувања, откако минатата сезона беше очајна за „кралевите“ и испаднаа од битката за трофеите.
Италијанецот во екипата ќе пристигне заедно со Антонио Пинтус, познатиот кондиционен тренер кој во Интер им ја донесе титулата, како дел од стручниот штаб на Антонио Конте.
Исто така, дел од стручниот штаб ќе биде и синот на Анчелоти, Давиде, кој е помошник на својот татко уште од периодот кога Италијанецот го тренираше Баерн Минхен.
👋 #WelcomeBackAncelotti
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 1, 2021
👉 @MrAncelotti pic.twitter.com/BcqI63qkqY