Официјално: Анри го напушти Монтреал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер Тјери Анри не е повеќе тренер на Монтреал, кој се натпреварува во МЛС-лигата затоа што Французинот сака да биде со своите деца.

Пандемијата му направи големи проблеми, па Анри реши времето да го посвети на семејството, а не на работата.

„Со тешко срце ја донесов оваа одлука. Минатата година беше тешка за мене. Поради пандемијата не можев да се гледам со своите деца. За жал поради новите рестрикции и фактот што ќе мораме да се лоцираме во САД и сега ќе биде исто. Тоа би било премногу и за мене и за децата“, кажа Анри.

Анри ќе продолжи да живее во Лондон, а притоа им се заблагодари на навивачите на Монтреал.

„Морам да го напуштам Монтреал. Сакам да им се заблагодарам на навивачите, играчите и луѓето во клубот“, изјави Анри.