Официјално: Бабунски се пресели во Романија!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Давид Бабунски беше најавуван како засилување на Шкендија во зимскиот преоден рок, но тоа не се случи, зашто македонскиот фудбалер се пресели во Романија, каде што потпиша за Виторул Констанца.

Бабунски претходно настапуваше за Ботошани, со кој му заврши договорот, па реши да си пронајде нов ангажман.

Бабунски во минатото беше дел од младинските категории на Барселона, потоа играше за Црвена Звезда, следуваше и една авантура во Јапонија каде што го носеше дресот на Јокохама и Омија.