Официјално: Барселона потврди неочекуван трансфер и ги изненади фановите (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона потврди дека го ангажирале напаѓачот на Брага, Франциско Тринкао, кој ќе биде платен 31 милион евра.

Тринкао беше трета или четврта опција за Барселона во јануарскиот преоден рок, но на крајот мораа да го ангажираат. Сепак, младиот фудбалер останува на позајмица во Брага, по што доаѓа во Каталонија на лето.

Тринкао има само 20 години, а може да ги покрие сите напаѓачки позиции, додека во актуелната сезона одигра 22 меча и постигна три гола и шест асистенции.

Останува да видиме дали каталонскиот гигант ќе реши да ангажира напаѓач до крајот на преодниот рок, кој би можел веднаш да пристигне во клубот бидејќи тие не може да сметаат на Луис Суарез, кој ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда.