Официјално: Бенитез го напушта Њукасл (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл јунајтед соопшти дека Рафаел Бенитез ќе го напушти клубот по завршување на договорот на 30 јуни.

Премерлигашот со Бенитез на клупата минатата сезона заврши на 13. место во англискиот шампионат.

„Напорно работевме да му го продолжиме договорот на Рафа, но не можеше да се најде решение со неговите претставници“, порачаа од Њукасл.

Во соопштението се шпекулира дека помошниците на Бенитез, Пако Морено, Антонио Перез и Микел Антонио исто така ќе го напуштат клубот на 30 јуни.

„Сакаме да му се заблагодариме на Рафа и неговите помошници за одличната работа во последните три години“, порачаа од премиерлигашот.