Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Петр Чех ја заврши фудбалската кариера на крајот на минатата сезона, но воопшто нема да земе одбор. Поранешниот голман на Челси и Арсенал ќе преземе директорска позиција во Лондон.
Легендата меѓу стативите ќе ја преземе позицијата на техничкиот директор и советник во клубот од „Стемфорд бриџ“.
Овој 37-годишен голман се прослави со своите настапи за Челси, кадешто помина 11 години, а потоа во 2015 година се пресели во Арсенал.
Може да се каже дека враќањето на миленикот на навивачите на Челси ги израдува навивачите, а наскоро се очекува враќање во клубот на уште неколку легенди, како што е Френк Лампард, кој треба да биде нов тренер на „сините“.