Официјално: Дембеле потпиша за ПСЖ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот шампион ПСЖ го комплетира трансферот на Осман Дембеле од Барселона, а талентираниот играч потпиша петгодишен договор со тимот.

Трансферот на Дембеле од Барселона во ПСЖ е вреден околу 50 милиони евра.

„Дембеле му се приклучи на ПСЖ од Барселона. Тој ќе го носи дресот со број 23, откако потпиша петгодишен договор“, соопшти ПСЖ.

Францускиот репрезентативец кажа дека е среќен што ќе игра за ПСЖ во иднина.

„Среќен сум што потпишав за ПСЖ и со нетрпение чекам да го облечам дресот на клубот“, кажа Дембеле.