Официјално: Гатузо седна на кормилото на Валенсија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот италијански репрезентативец и фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо го презема кормилото на Валенсија и ќе ја тренира во следните две години.

Шпанскиот тим потврди дека Гатузо потпишал договор до јуни 2024 година, а ќе го наследи Хозе Бордалас, кој работеше за „лилјаците“ од мај 2021 година, но доби отказ пред неколку дена.

Валенсија ја заврши сезоната на деветтото место и загуби во финалето на Купот од Бетис по изведување на пенали во април.

Откако замина во пензија, Гатузо работеше како тренер вои 2012 година во Сион, по што се пресели во Палермо, а потоа го водеше и Милан, но и Наполи со кој го освои Купот на Италија.