Официјално: Хулен Лопетеги доби нов ангажман во Шпанија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот селектор на Шпанија, Хулен Лопетеги сигурно многумина го паметат по краткиот ангажман во Реал Мадрид, а сега искусниот стратег најде работа во Севилја.

Лопетеги доби шанса да ја предводи екипата на Реал во сезоната 2018/19, но на „Сантијаго Бернабеу“ остана само до октомври минатата година.

Управата на Реал се надеваше дека Лопетеги ќе продолжи таму кадешто застана Зинедин Зидан, но тој не успеа, па неизбежен беше неговот отказ.

Сепак, Лопетеги доби нова шанса да покаже колку вреди во тренерската работа, па ќе ја предводи Севилја, со која потпиша тригодишна соработка, а утре ќе биде претставен официјално во канцеларијата на клубот.