Официјално: Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Милан вечерва официјално потврди дека Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со клубот. Искусниот шведски напаѓач пристигна на почетокот на 2020 година, а ќе остане во Италија до 2022 година.

Ибрахимовиќ потпиша договор на уште една година, откако се покажа како одлично засилување за „росонерите“. Тој игра во одлична форма и јасно е дека е лидер на италијанскиот тим.

Управата на Милан му понуди едногодишна соработка на Ибрахимовиќ, кој без премногу размислување ја прифати понудата.