Официјално: Јунајтед се договори со Спортинг за трансфер на Бруно Фернандеш!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Манчестер јунајтед долго време се поврзува со трансфер на талентираниот Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон, а англискиот гигант на официјалниот сајт објави дека се договорил со португалската екипа за трансфер.

„Црвените ѓаволи“ објавија дека Фернандеш треба да ги мине медицинските прегледи и да ги договори личните услови со фудбалерот, по што официјално ќе го промовираат нивното најголемо засилување во јануари.