Официјално: Кавани потпиша нов договор со Манчестер јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед и официјално го продолжи договорот со Едисон Кавани, кој ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2022 година.

Кавани постигна 15 голови сезонава, па го убеди раководството на „црвените ѓаволи“ да му го продолжи договорот.

„Во текот на сезоната се поврзав со тимот и со тоа што го претставува. Чувствувам врска со соиграчите и луѓето кои работат зад сцената. Тие ми даваат дополнителна мотивација секој ден за да може да направиме специјални работи“, кажа Кавани.

Оле Гунар Солскјер беше пресреќен што Кавани ќе игра уште една година на „Театарот на соништата“.

„Кога Кавани потпиша првпат кажав дека ќе ни донесе енергија, лидерство и не згрешив. Тој го постигна тоа што мислев“, вели Солскјер.