Официјално: Лоренцо се враќа во Јамаха како тест-возач! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот моторџија Хорхе Лоренцо потврди дека следната сезона ќе биде тест-возач на Јамаха. Тој ја заврши кариерата во Мото ГП минатата сезона , по проблематичната сезона со Хонда, по што почнаа шпекулациите дека ќе се врати во Јамаха.

Своите најуспешни денови во кралската класа Лоренцо ги оствари како возач на Јамаха, со која освои три титули, во 2010, 2012 и 2015 година.

„Среќен сум што можам да кажам дека потпишав договор со Јамаха, во која ќе бидам тест-возач. Сакам да му помогнам на тимот најдобро што можам и се надевам дека моето искуство ќе им биде од корист на возачите и механичарите“, порача 32-годишниот возач.