Официјално: Мбапе потпиша договор со ПСЖ! (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Конечно заврши сагата за иднината на францускиот напаѓач Килијан Мбапе, кој официјално потпиша договор со ПСЖ до 2025 година.

Мбапе стави потпис на нова соработка и ги разочара навивачите на Реал Мадрид, кои се надеваа дека Французинот ова лето ќе стигне во Шпанија.

„Среќен сум што ја продолжувам авантурата во ПСЖ. Мојот дом, мојот град. Ќе продолжам да освојувам титула со ПСЖ. Ви благодарам“, кажа Мбапе.

Засега не се познати сите детали од неговиот договор, освен дека ќе важи до 2025 година, а Мбапе претходно му се јавил на претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез и му ја соопштил својата одлука.