Официјално: ПСЖ му го продолжи договорот на Тухел


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во претходните денови постојано се шпекулираше за тоа кој ќе биде нов тренер на ПСЖ, зашто многумина беа сигурни дека Томас Тухел ќе добие отказ.

Дури и германскиот тренер вчера кажа дека е загрижен поради шпекулациите во медиумите дека ПСЖ ќе ангажира нов тренер, а со Парижаните најмногу се поврзуваа Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри.

Меѓутоа, ПСЖ денеска на најдобар начин го демантираше тоа, откако на официјалната страна објавија дека го продолжиле неговиот договор.

Тухел со Парижаните имаше договор до 2020 година, но за да го убедат дека нема да добие отказ, тие му ја продолжија соработката до 2021 година.

Оваа објава на ПСЖ јасно покажа дека тие нема да го отпуштат и ќе му дадат уште една шанса на нивниот стратег.