Официјално: Реал Мадрид ја ангажира замената за Бензема


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ова лето направи неколку промени во екипата. Од Мадрид си заминаа Марко Асенсио, Маријано, Еден Азар и Карим Бензема, додека пристигнаа Фран Гарсија, Џуд Белингам, Брахим Дијаз и Хозелу.

Иако многумина го очекуваа Килијан Мбапе, сепак Флорентино Перез не сака да плати 150 милиони евра за неговиот трансфер, па поради тоа се реши за евтина опција.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Хозелу му се приклучи на Реал на позајмица од Еспањол, која ќе ги чини „кралевите“ околу 500.000 евра. Во договорот има и откупна клаузула од 1,5 милиони евра.

Перез претходно им одговори на новинарите дека ќе потпишат договор со Хозелу, а неговата промоција ја најави за неделава.