Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо по 12 години се врати во Манчестер јунајтед, а информацијата ја потврди премиерлигашот преку социјалните мрежи.
Роналдо играше на „Олд Трафорд“ во период од 2003 до 2009 година, а притоа настапи на 292 меча и постигна дури 118 голови.
Манчестер јунајтед за неговите услуги ќе плати „само“ 15 милиони евра плус дополнителни осум милиони за бонуси.
Португалецот се поврзуваше со трансфер и во Манчестер сити и ПСЖ, но сепак на крајот се врати во Манчестер јунајтед.
Welcome 𝗵𝗼𝗺𝗲, @Cristiano 🔴#MUFC | #Ronaldo
— Manchester United (@ManUtd) August 27, 2021