Официјално: Рудигер потпиша за Реал Мадрид!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид доби одлично засилување во одбраната, откако Антонио Рудигер денеска потврди дека потпишал договор со екипата.

Рудигер доаѓа во Мадрид како слободен играч, откако претходно му заврши договорот со Челси, а засега не е познато на колку години потпишал договор и колку голема плата ќе добива.

„Горд сум што се приклучувам на Реал Мадрид. Возбуден сум за новите предизвици и едвај чекам да ги одиграм првите натпревари“, напиша Рудигер.

Рудигер притоа призна дека водел преговори со Челси за нов договор, но раководството на премиерлигашот во еден момент запрело со нив и Германецот решил да си замине од клубот.