Официјално: Спировски се пресели во Унгарија и го засили МТК


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски си пронајде нов тим, па во следните две години ќе го носи дресот на МТК Будимпешта, каде што игра и Бојан Миовски.

Спировски првиот дел од сезоната го мина во украинскиот Мариупол, а сега реши да ја прифати понудата на МТК и да се врати во Унгарија после три години.

Овој 31-годишен фудбалер во кариерата настапуваше уште и за АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив, Вардар, Берое, Работнички, Борац Чачак и Пелистер.