Официјално: Стадионот на Наполи ќе се вика „Диего Армандо Марадона“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Градското собрание на Неапол го прифати предлогот стадионот „Сан Паоло“ да го смени името, па во иднина ќе се вика „Диего Армандо Марадона“.

Градоначалникот на Неапол, Луиџи Де Магистрис, кажа дека ќе го испочитува гласот на народот, иако свештениците денеска го кренаа гласот и не сакаа да се промени името.

Аргентинската легенда почина на 25 ноември од срцев удар, а во Наполи пристигна во 1984 година. Во текот на неговата кариера во Неаопл го предводеше тимот до две титули во Серија А, италијански Куп и УЕФА Куп.

„Марадона е симбол на успехот на тимот, кој во тешките години за градот донесе надеж. Тоа не беше победа за фудбалскиот клуб, туку за цел град. Секогаш беше на страната на обичните луѓе. Се бореше против дискриминацијата и беше идол на градот“, соопштија на собранието.