Официјално: Тимо Вернер потпиша за Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот 24-годишен напаѓач Тимо Вернер се договори со Челси, а ќе остане во германскиот гигант до крајот на Бундеслигата, по што ќе се приклучи на тимот во јули, откако ќе ги мине медицинските прегледи.

Еден од најталентираните фудбалери се покажа одлично сезонава, во која досега постигна32 голови и 13 асистенции во 43 настапи во сите натпреварувања.

„Среќен сум што доаѓам во Челси, горд сум во моментов што се приклучувам на одличен тим. Лајпциг и навивачите засекогаш ќе ги паметам. Се надевам на многу успеси во новиот клуб“, кажа Вернер.