Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ненад Димитријевиќ, македонскиот репрезентативец во кошарката, официјално стана дел од тимот на рускиот клуб Зенит со седиште во Санкт Петербург.
Со потписот на двогодишниот договор, Димитријевиќ ја завршува неговата кратка авантура во италијанскиот тим Олимпија Милано и се приклучува на амбициозниот руски состав.
Во ВТБ лигата, Нено се враќа на терен кој му е добро познат, каде што претходно имаше забележителен успех играјќи за Уникс Казан.
Фото: Принтскрин