Официјално: Солскјер потпиша нов договор со „ѓаволите“! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвежанецот Оле Гунар Солскјер по пристигнувањето на тренерската клупа во Манчестер јунајтед го препороди англискиот гигант и го врати во трката за топ-4 позициите, а исто така ќе се води голема борба и за трофејот во Лигата на шампиони, па денеска управата на „црвените ѓаволи“ реши да му го даде долгоочекуваниот „подарок“.

Солскјер денеска потпиша нов тригодишен договор со екипата од „Олд Трафорд“, каде што досега работеше како привремен тренер, но долго време се шпекулираше дека ќе ја добие довербата на раководството на Јунајтед.

Норвежанецот кажа дека е задоволен со новиот договор и со тоа дека ќе остане на тренерската позиција во Манчестер, па најави дека ќе се обиде да стигне до големи успеси со тимот, во кој настапуваше и како фудбалер.

Своето задоволство го покажаа и од управата на клубот, па Ед Вудворд кажа дека им претставува задоволство да соработуваат со Солскјер и се надеваат на нови успеси во иднина.