ОФС Струмица го избра Пандев за делегат во Собранието на ФФМ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер и поранешен репрезентативец, Горан Пандев беше избран за делегат во Собранието на ФФМ од страна на ОФС Струмица.

Пандев ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната и ќе се посвети на нова работа, а Академија Пандев го предложи за претставник на Општинскиот сојуз во Струмица, па сега треба да пристигне потврда и од ФФМ.

ОФС Струмица, освен Пандев, ги избра Ѓорги Гоцевски и Ванчо Коцев за делегати во Собранието.