Ограбен домот на Грилиш за време на мечот со Евертон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џек Грилиш доби лоши вести по натпреварот со Евертон, откако во неговиот дом влегле крадци и украле часовници и накит во вредност од два милиони евра.

Грилиш и неговата вереничка пред само неколку дена се вселиле во куќата вредна седум милиони евра.

Неговата вереничка ги поканила родителите, бабата, двете сестри и братот во реновираниот дом во кој имало и алармен систем и чувари.

Додека го следеле мечот меѓу Евертон и Манчестер сити (1-3) се слушнал удар во куќата, по што го активирале алармот за паника.

Додека да пристигне полицијата, крадците успеале да ги пронајдат вредните предмети и да избегаат.