Огромен триумф за Македонија: Димитријевиќ со кош од пола терен ја урна Данска (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонската кошаркарска репрезентација славеше со 73-70 против Данска, откако Ненад Димитријевиќ со тројка во последната секунда го урна ривалот.

Кошаркарот на Уникс тргна во контра-напад, но немаше доволно време, по што испрати удар од пола терен и успеа да погоди.

Димитријевиќ постигна 26 поени за македонската репрезентација, а кошаркарите следниот меч го играат против Словачка в недела.