Огромна грешка: Барселона го откачила Мбапе за да потпише со Дембеле!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во светот Килијан Мбапе пред четири години можел да заврши во Барселона, а тоа го откри поранешниот претседател на клубот, Жозеп Бартомеу.

Бартомеу кажа дека Барселона барала фудбалер како замена за Нејмар, кој тогаш се преселил во ПСЖ, а Мбапе бил еден од тие кои се поврзувал со каталонскиот гигант.

Бившиот претседател на тимот откри дека имале договор со Мбапе, но тогашните тренери сакале во тимот да го видат Осман Дембеле, кој беше платен 135 милиони евра на Борусија Дортмунд.

„Договорот со Мбапе беше на маса, но тренерите го сакаа Дембеле, кој можеше да покрие повеќе позиции на теренот“, вели Бартомеу.

Мбапе една година подоцна се приклучи на ПСЖ и стана еден од најдобрите, додека Дембеле никогаш не ги оправда очекувањата.