ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Тренерот на Пари Сен Жермен Луис Енрике не може да смета на Жоао Невеш, Дезир Дуе, Усман Дембеле и Маркињос за натпреварот против Оксер во сабота поради повреди, соопшти клубот.
Како што се наведува, Невеш, Дуе и Дембеле би можеле да се опорават до среда и гостувањето на Барселона во второто коло од Лигата на шампионите, додека Маркињос сигурно ќе го пропушти тој меч затоа што е објавено дека ќе паузира уште неколку недели.
Оваа вест доаѓа само неколку дена откако Усман Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер во светот добивајќи ја престижната Златна топка. Следната недела треба да игра натпревар против својот поранешен клуб, каде што не прикажуваше ниту приближно добри настапи како во Франција.
Утре во 21:05 часот, ПСЖ го пречекува Оксер во натпреварот од шестото коло на француската Лига 1. По четири одиграни кола, шампионите на Франција со 12 бодови го делат првото место на табелата со Монако, Лион и Стразбур.