Охрид ќе задржи двајца одлични македонски ракометари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


РК Охрид на својот профил на Фејсбук објави дека ги продолжил договорите со двајца свои членови на уште една година, а тоа се голманот Никола Даниловски и бекот Мартин Манасков.

Охрид одигра одлична сезона во македонската Суперлига, каде што заврши на втората позиција, со само еден бод помалку од Металург, но сезоната беше поништена поради пандемијата на коронавирусот.

Двајцата ракометари се важен дел од екипата, а така ќе останат и во следната сезона, во која Охрид сигурно ќе има солидна екипа за висок пласман.