Охрид се засили и со словенечки репрезентативец од Бундеслигата!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


ГРК Охрид продолжува со амбициозниот проект. По ангажирањето на тренерот Борис Ројевиќ и десниот бек Предраг Вејин, тимот го засили своето состав со репрезентативецот на Словенија, Тилен Стрмљан.

Стрмљан склучи договор со тимот на Охрид за две сезони и се очекува да остане до 2027 година.

Тој доаѓа во Македонија од Бундеслигата, каде играше за екипата на Хановер.

Во својата кариера играше и за тимовите: Целје, Рико Рибница, Херц Шмартно и Рудар.

Имаше извонредни настапи со Целје во Лигата на шампионите, каде што во сезоната 2022/2023 постигна 53 гола.