Охрид со емотивна порака се збогуваше од починатиот голман 📸


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сите останаа во шок утринава откако беше објавена вест дека репрезнетативниот голман и чуварот на мрежата на Охрид, Никола Даниловски се удавил во охридското езеро.

Телото на голманот било пронајдено во близина на населбата Лагадин покрај охридското езеро, а засега не се откриваат причините како се случило тоа.

Екипата на Охрид се збогуваше од својот голман на социјалните мрежи.

„Последен поздрав од Ракометниот клуб Охрид за голманот Никола Даниловски-Џамбо. Засекогаш ќе бидеш еден од нас!“, напишаа од тимот.