Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Екипата на Парма со 2:0 славеше на гостувањето на „Сан Паоло“ против тимот на Наполи.
Џенаро Гатузо не ја започна најдобро авантурата во тимот на Наполи затоа што неговиот тим загуби во натпревар во кој не покажа речиси ништо.
Резултатот го отвори охриѓанецот Дејан Кулушевски уште во 4. минута од средбата. Со 1:0 се замина на одмор, а на 1:1 израмни Аркадиуш Милик со гол во 64. минута.
Кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши без победник, Жервињо повлече контра, искомбинира со Кулушевски кој одлично му сервираше една топка по што следеше молк на „Сан Паоло“.
Што се однесува до Елиф Елмас, тој остана на клупата за резервни фудбалери во текот на целиот натпревар.