Оле даде коментар за можниот ангажман на Бруно Фернандеш: Имам поддршка…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по натпреварот против Норвич во кој „ѓаволите“ забележаа убедлива победа даде свое видување и за евентуалниот ангажман на Бруно Фернандеш.

Во медиумите се појавија информации дека Манчестер Јунајтед е пред договор со Бруно Фернандеш, а сега коментар даде и првиот тренер на „ѓаволите“.

„Бруно Фернандеш? Не можам да зборувам за индивидуалци од други клубови, но мора да кажам дека имам поддршка. Имаме поддршка да направиме нешто доколку правилните работи пристигнат во овој трансфер период. Сопственицитеи Ед, тие знаат дека ние градиме тим“ –изјави Солскјер.