Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпански „Оле“ пишува дека 33-годишниот капитен на Реал Мадрид, Марсело ќе го напушти тимот на крајот на сезоната бидејќи легендарниот дефанзивец не сака да ја продолжи соработката.
Медиумот открива дека Марсело избрал нов клуб, а станува збор за бразилскиот гигант Флуминенсе, каде што ја почна професионалната кариера.
Претседателот Флорентино Перез нема намера да застане на патот на желбата на Марсело за да замине, ако се договорат со двата клуба.
Марсело во Мадрид пристигна во 2006 година, а со клубот освои 22 трофеи, меѓу кои и четири во Лигата на шампиони (ЛШ) и пет во шпанското првенство.