Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер имал состанок со луѓето од управата на клубот во текот на денешниот ден.
Норвежанецот барал да биде донесен напаѓач, а од клубот му порачале дека ќе сторат се за да ангажираат ново име до крајот на преодниот рок.
Засега само две имиња фигурираат како можна опција за „ѓаволите“ и тоа се Одион Игало и Џошуа Кинг.
Кинг е посакувана опција за Оле Гунар Солскјер затоа што добро е запознат со квалитетите на фудбалерот кој одигра и два официјални натпревари за Манчестер Јунајтед, а во академијата на клубот играше под водство на неговиот сонародник Солскјер.