Олеснување за фановите: Де Геа сепак останува на „Олд Трафорд“ и е пред потпишување на нов договор


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во последно време на големо се шпекулираше дека Давид  ДеГеа ќе си замине од редовите на Манчестер Јунајтед по крајот на оваа сезона и тоа како слободен агент.

Се пишуваше дека тој во јануари ќе договори премин во Јувентус, а клубот од „Олд Трафорд“ ќе влезе во преговори со Јан Облак кој би бил донесен како негова замена.

Сепак, по најновите најави кои ги лиферува „Гардијан“, Де Геа се договорил со челниците на клубот и ќе птопише нов долгогодишен договор со клубот.

Според новиот договор шпанскиот голман ќе заработува 290.000 фунти неделна плата и ќе биде поставен како перманентен капитен на клубот.