Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ потпиша договор со Олимпија Милано, откако си замина од Уникс Казан.
Димитријевиќ потпиша двегодишна соработка со екипата од Милано и ќе биде големо засилување за италијанскиот тим.
„Среќен сум и благодарен што ќе бидам дел од клубот со богата историја. Ќе направам сè што можам за да помогнам во обидот да освоиме што повеќе трофеи“, кажа Димитријевиќ.
Димитријевиќ во изминатите две сезони играше за Уникс, а минатата сезона го освои МВП-признанието во регуларниот дел од ВТБ-лигата.
Dimitrijevic: "Grato ed entusiasta di arrivare all'Olimpia"
— Olimpia Milano (@OlimpiaMI1936) June 22, 2024
La Pallacanestro Olimpia Milano ha raggiunto un accordo fino alla stagione 2025/26 con il playmaker Neno Dimitrijevic, 1.91, nato a Skopje, Macedonia, il 23 febbraio 1998, proveniente dall’Unics Kazan, in Russia.
🇮🇹… pic.twitter.com/bcYnUPwpht