Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Мајкл Олисе постави нов светски рекорд по бројот на асистенции на еден Мундијал.
Олисе со вкупно седум асистенции го надмина учинокот на легендарниот Бразилец Пеле, кој имаше шест.
Пеле уште во далечната 1970 година во Мексико го постави рекордот, кој до денешен ден никој не го надминал, кога направи шест асистенции.
Историскиот момент се случи во натпреварот за третото место, кога Олисе двапати успешно го асистираше Килијан Мбапе, што му беше доволно да се искачи на врвот на вечната листа.
Младиот фудбалер сега зазема високо место и во вкупниот поредок на најдобрите асистенти во историјата на Мундијалот. Со сегашните седум асистенции, тој заостанува само пет чекори зад рекордерот Лионел Меси.
Имајќи предвид дека на следното Светско првенство во 2030 година Олисе ќе има само 28 години, фудбалските аналитичари предвидуваат дека и апсолутниот рекорд на Меси може да биде загрозен.
















