Оливер Кан од 2022 година ќе биде претседател на Баерн Минхен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најголемите голмани на сите времиња, Оливер Кан се враќа во клубот кадешто остави голема трага во минатото.

Кан од 1994 до 2008 година бранеше за Баварците и освои многу трофеи, а на „Алијанц Арена“ би можел да се врати наскоро во голема улога.

Со оглед на тоа дека на 31 декември 2021 година му завршува претседателскиот мандат на Карл Хајц Румениге, Баерн реши токму Кан да биде неговата замена.

„Голема чест е да се стане дел од одборот, а потоа да се преземе должноста на претседател на Баерн“, кажа 50-годишниот Кан.

Да потсетиме, Кан со Баварците освои осум шампионски трофеи, шест пати го крена трофејот во Купот, по еднаш УЕФА Суперкупот и Лигата на шампиони.