Олмо по дебито за Барселона: Со нетпрение го чекав овој момент!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Барселона во последен момент го регистрира Дани Олмо за новата сезона, а шпанскиот репрезентативец дебитираше против Рајо Валјекано и постигна гол за победа.

Олмо веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за Барселона, а по мечот кажа дека е среќен поради одличното деби.

„Се чувствував многу добро и имав голема желба за игра. Бев подготвен за мечот и конечно го дочекав овој момент. Навистина сум среќен. Дебито не можеше да биде подобро“, кажа Олмо.