Омерагиќ со порака до клубовите кои се жалат на судиите: Вината некогаш треба да ја барате и во свои редови


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на денешното редовно Собрание кажа дека ВАР-технологијата го подобрила македонскиот фудбал.

Омерагиќ посочи дека значително е подобрен квалитетот на судење во Првата лига, а исто така испрати порака и до клубовите.

„Поплаки секогаш ќе има, тоа е дел од фудбалот, и кај нас и насекаде во светот. Но, денес зборуваме за поединечни ситуации, а не за системски проблеми. И да бидеме отворени…најгласни се секогаш оние на кои резултатите не им одат во прилог. Тогаш виновни се сите други, федерацијата, судиите… освен тие самите. Тогаш се пишуваат соопштенија, се создава притисок и се бара алиби. А кога победуваат, тогаш молчат. Време е одговорноста да се бара и во сопствените редови. Фудбалот не може да оди напред ако вината секогаш се бара надвор, а никогаш дома“, кажа Омерагиќ.