Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Утре македонската фудбалска репрезентација ќе игра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде од 20:45 часот ќе се натпреварува против репрезентацијата на Велс во рамките на второто коло од квалификациите за Светското првенство 2026.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи да ги насочи сите приходи од продажбата на билетите за овој натпревар како финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.
Се очекува дека стадионот ќе биде полн со околу 20.000 гледачи. Тие не само што ќе ја поддржат репрезентацијата, туку и ќе придонесат за хуманитарната цел. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, заедно со спортскиот директор Горан Пандев, во знак на солидарност купија 400 билети.